Војводата и војвотката од Сасекс нема да учествуваат во никакви активности на кралското семејство, објави Бакингемската палата. Кралицата Елизабета Втора потврди дека парот нема да „извршува должности што произлегуваат од животот во јавна служба“. Во соопштението се додава дека принцот Хари и Меган биле „сè уште сакани членови на семејството“, пренесуваат светските медиуми.
Парот одговори дека „услугата е универзална“ и понудија да продолжат да ги спонзорираат организациите кои досега ги помагале.
Војводата и војвотката минатиот јануари објавија дека повеќе нема да бидат „постари“ членови на кралското семејство, како и дека ќе работат и ќе заработуваат за себе за да станат финансиски независни.
Хари и Меган, сега живеат во Калифорнија, поднесоа оставка на своите фукции во март, а договорот се очекува да биде разгледан за 12 месеци.
Потврдата значи дека двајцата ќе мора да ги вратат почесните воени назначувања и кралските обврски, кои ќе бидат пренесени на други членови на кралското семејство. Хари ќе мора да се одрекне од почесното воено назначување за капетан на кралската морнарица и повеќе нема да биде покровител на организации како што се рагби федерацијата и националниот кралски театар. Разделбата уследи по разговорот меѓу Хари и членовите на кралското семејство.
– Кралицата потврди дека со откажувањата од работните обврски во кралското семејство, не може да продолжи со должностите и обврските што произлегуваат од животот во јавната служба. Иако нивната одлука нè растажува, војводата и војвотката се сакани членови на семејството – се вели во соопштението на Бакингемската палата.
– Како што докажаа во својата работа во текот на изминатата година, војводата и војвотката остануваат посветени на должностите и службите на Велика Британија и остатокот од светот и ќе продолжат да ги поддржуваат организациите, без оглед на официјални звања – се наведува во изјавата на портпаролот на Хари и Меган.