Меган Маркл и принцот Хари се оградија од книгата „Пронаоѓање на слободата“ на Омид Скоби и Каролин Дуранд, која треба да излезе од печат идниот месец, пренесува Би-би-си.
Според портпаролот на Хари и Меган тие не дале интервју и никој не ги контактирал, а книгата се темели на сопствените искуства на авторите, како и на членови на кралската служба за медиуми и сопственото независно известување.
Авторите на книгата Омид Скоби и Каролин Дуранд велат дека информациите што им ги дале пријателите на Меган и Хари се вистинити.
Авторите во книгата ја опишуваат зголемена тензија меѓу Сасексите и другите членови на кралското семејство.