Здравствената состојба на На шеесет и осумгодишниот Харви Вајнстин не е добра и тој е под постојан лекарски надзор во затворот во кој се наоѓа, изјавил за медиумите Џуда Енгелмаер, претставникот на Вајнстин.
Осудениот сексуален престапник и пред скандалот најмоќниот холивудски продуцент, моментно отслужува 23-годишна казна во затворот „Венд“ во округот Ири, Њујорк, откако во февруари беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад.
„Дејли мејл“ и „Ју-ес тудеј“ објавија дека тој е во изолација со висока температура и можно е да има коронавирус, додавајќи дека според неговиот претставник Енгелмаер не може ниту да се потврди ниту да се негира дека е позитивен на ковид-19, туку само дека Вајнстин има треска.