Адаптацијата на новелата од Стивен Кинг, „Тоа“, ќе добие продолжение кое ќе се одвива 30 години по приказната на првиот дел, пренесува магазинот „Гардијан“.
По големиот успех на првиот дел кој е фокусиран на кловнот-убиец, обожавателите на хорори очекуваа продолжение. Режисерот Енди Мушиети се враќа и работи на продолжението заедно со актерот Бил Скарсгард во улогата на кловнот Пенивајс.
Студиото „Ворнер брадерс“ објави дека приказната на вториот дел ќе се одвива во блиското минато.
– Дваесет и седум години по случките во летото 1989 година, суштеството повторно се враќа. Членовите на „Клубот на губитници“ го исполнуваат своето дадено ветување и се враќаат во градот Дери со цел засекогаш да стават крај на злобното суштество. Но, непознато за нив, суштеството овојпат е посилно и посурово од било кога. Премиерата на филмот е закажана на 6 септември.