Во Бакингемската палата вчера се одржал првиот кралски настан по повеќе од шест месеци. Украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговата сопруга Олена биле на аудиенција кај војводата и војвотката од Кембриџ во име на кралицата Елизабета. Вилијам и Кејт преземаат повеќе обврски и одговорности среде пандемијата, заради намалување на ризични ситуации за 94-годишната кралица, пренесуваат светските медиуми.
Двата пара не носеле маски и не се ракувале, но оддржувале безбедно растојание за време на средбата. Зеленски и неговата сопруга се во дводневна посета и се очекува да се сретнат со премиерот Борис Џонсон и министерот за надворешни работи Доминик Раб.
Бакингемската палата, централната резиденција на кралицата во Лондон и административниот центар на монархијата, не е користена за кралски настани од март поради коронавирусот.