Во престрелка во турскиот град Бодрум, се убиен две лица, меѓу кои и познатата пејачка Хаџер Тулу.
Инцидентот се случил кога четворица мажи отвориле оган во клубот Паша во центарот на градот. Тулу (40) е повредена во вкрстен оган. И покрај обидите на здравствените работници, тие не успеале да и помогнат, пренесуваат локалните медиуми.
Во престрелката е убиен и сопственикот на клубот, а напаѓачите се уапсени.
Хаџер Тулу беше манекенка и актерка, родена во семејство на босански имигранти во Измир. Неколку минути пред престрелката на својот Инстаграм споделила видео од забавата во тој клуб.