Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска упати обвинувања кон технолошките гиганти „Твитер“, „Фејсбук“ и „Гугл“ дека се пристрасни и ги поддржуваат неговите противници – демократите.
Тој, на Твитер, го обвини „Твитер“ дека поставува пречки за корисниците кои сакаат да го следат на таа социјална мрежа.
– „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ се толку ангажирани во корист на демократите, што тоа е едноставно смешно – напиша Трамп.
Facebook, Twitter and Google are so biased toward the Dems it is ridiculous! Twitter, in fact, has made it much more difficult for people to join @realDonaldTrump. They have removed many names & greatly slowed the level and speed of increase. They have acknowledged-done NOTHING!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 18, 2018
Тој во август тврдеше дека овие социјални мрежи, како и „Гугл“, понекогаш нечесно се однесуваат кон републиканците и конзервативно-ориентираните Американци.