Научниците прашуваат: „Кога последен пат сте седеле во целосна тишина и како се чувствувавте?“ На некои луѓе не им е пријатно да седат во тишина, затоа што таа им поттикнува негативни мисли, страв, празнина, осаменост, бес…
Но според научниците, колку тишината и да се чини некомфорна, таа е добра за човековото здравје и претставува средба со сопствените мисли. Ни дава можност да размислиме за важни животни прашања, да согледаме подобро некои ситуации и да донесеме исправни одлуки.
Според многу истражувања, тишината е благотворна. Научниците истакнуваат дека секој треба да работи на себеосознавање, личен развој и медитација затоа што никој освен нас не може да ја исполни празнината што ја чувствуваме, ни радиото, ни телевизијата, ни социјалните мрежи ниту, пак, пријателите.

Тишината го смирува мозокот и прави човекот да се чувствува спокоен.
– Забавувањето на мозокот го забавува и дишењето. Тишината ги репарира мозочните келии, а тој процес почнува по два часа седење во тишина. Така стануваме свесни за опкружувањето и успеваме да чуеме звуци што претходно сме немале можност да ги чуеме, како на пример ветерот, птиците, шушкањето на лисјата, звукот на гранките. Во целосна тишина мозокот има шанса да се фокусира на одредени работи без напор и одвлекување на вниманието. Тоа се прави несвесно, умот лута од една до друга мисла непрекинато – велат научниците.