„Уан плас“ планира да направи телефон што ја менува бојата
Иако нема гаранција дека оваа технологија ќе добие зелено светло за производство, концептниот паметен телефон изгледа интересно.
Станува збор за уред обложен со материјал наречен ЕЦМФ или електронска боја, материјал и завршна обработка, кој содржи метален оксид и кој го активира напонот. Резултатот е промена на бојата на стаклото од темносина во светлосребрена.
– Кога станува збор за боите, нашите дизајнери беа инспирирани од минералните извори на Памуккале во Турција. Природата усовршила многу дизајни, а црпејќи инспирација од овие извори и други природни елементи, можеме да создадеме нови искуства на интеракции што се поприродни и поинтуитивни – соопштија од компанијата „Уан плас“.
Паметниот телефон ја менува бојата во случај на дојдовен повик, а со помош на ммВејв-технологијата може да се детектира дишење на корисникот и со тоа да се синхронизира промената на бојата.