Температурата на Земјата се искачи на рекордно високо ниво минатиот месец, објави Националната океанска и атмосферска управа на САД (НОАА).
Од НОАА наведуваат дека научниците во нивните национални центри за информации за животната средина забележале невообичаено високи температури низ светот, што покажало дека месец мај 2020 година, заедно со оној од 2016 година, е најтоплиот петти месец во историјата на мерењата.
– Минатиот месец глобалната просечна температура изнесуваше 15,7 степени Целзиусови, исто како во мај 2016 година. Тоа е скоро за еден степен повисоко од просекот за Земјата во 20 век – посочуваат од НОАА.
Температурите на копно поставија топлотен рекорд, додека температурите во океанот се на второто место откако се преземени мерењата. Делови од Африка, Азија, Западна Европа, Јужна и Централна Америка имаа рекордна топлина.
– Затоплувањето продолжува веќе долг период и во секој одреден месец веројатно ќе го достигне рекордот во ерата во која живееме – вели Деке Арндт, шеф за климатски надзор на НОАА.
Арндт наведува дека многу е веројатно дека 2020 година ќе биде една од двете најтопли години од 1880 година, од кога почнале да се прават мерењата.