Ако нешто е тажно, не значи дека нема простор за надеж и позитивни промени. Токму поради тоа, во меморијата на многумина останаа врежани следните достигнувања.
„Титаник“
Пред некои да завртат очи пред овој избор, да потсетиме, сепак, дека се работи за вистински настан во кој луѓето трагично ги загубија животите. Она што гледачите го сакаа беше имагинарниот љубовен заплет, кој засекогаш ја промени судбината на главните ликови.
„Гладијатор“
Откако ја заврши мисијата во која не само што победува туку пред сѐ се одмаздува за убиството на неговото семејство, гладијаторот Максимус конечно можеше повторно да се сретне со својата сопруга и синот во мирна смрт.
„Животот е убав“
Таткото се обидува да направи игра од мрачната реалност за да го спаси својот син од ужасна смрт во концентрационен логор. И додека момчето преживува, а всушност ни раскажува приказна, сфаќаме дека неговиот татко се жртвувал за да го спаси.
„Зелената милја“
Потресната приказна за погрешно осуден Афроамериканец што поседува специфични способности како светец скрши многу срца. Неговата егзекуција на крајот е особено тажна, затоа што тогаш открива дека му е доста од суровиот свет.
„Друштвото на мртвите поети“
Во историјата на кинематографијата влезе и последниот поздрав што студентите му го упатуваат на својот професор. По низата трагични настани, но и тоа што им го променил животот, професорот добил отказ. Сепак, неговото заминување е незаборавно.
„Бродолом на животот“
Иако се спасил и се вратил дома по долги години поминати на пуст остров, човекот сфаќа дека многу работи се промениле, а неговата голема љубов продолжила. Сепак, гледа дека е на крстопат полн со надеж.
„Шоуто на Труман“
Откако открива дека целиот негов живот бил социјален експеримент, главниот лик успева да ја напушти оваа голема лага. Меланхоличниот крај зборува за нови почетоци, но и за тоа дека нема спас од минатото.
„Прекрасните коски“
Тешката тема за киднапирање и убиство на една девојка ја следиме од нејзина перспектива. Доброто сепак ќе победи, семејството ќе најде начин да се справи со болката, а главната хероина ќе успее да го најде својот вечен мир.
„Танчарка во ноќта“
Екстремната неправда и трагичните настани ќе го натераат гледачот да изгуби секаква вера и надеж во луѓето. Но тоа нема да го спречи главниот женски лик до крајот да верува во подобро утре, што, всушност, е најтажниот аспект на филмот.
„Покајание“
Светот понекогаш е многу поубав и поромантичен во нашите мисли отколку во реалноста. Затоа крајот на овој филм ја открива горчливата вистина, притоа нагласувајќи дека покајанието (без разлика на сѐ) не е залудно.
„Мулен руж“
На самиот почеток на филмот јасно се најавува неговиот тажен крај, но тоа не ги спречува сите да бидат скршени во моментот кога ќе се оствари. Љубовта едноставно знае да биде трагична, особено кога е вистинска.
„Ла ла ленд“
Во животот не може да имаме сѐ, тоа е барем општопознато. Прашањето е само кога избираме, дали ја жртвуваме погрешната работа заради нешто друго. За тоа зборува и овој филм, чија последна сцена е горко-слатка.
„Син Валентин“
Едно од вечните прашања, кое веројатно никогаш нема да добие одговор, е како двајца луѓе што некогаш толку многу се сакале може да се отуѓат. Понекогаш не останува ништо друго освен да го свртиш грбот и да продолжиш понатаму.
„Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ .Не постои идеално сценарио, нема бегање од минатото и никој не може целосно да се промени. Сите овие се теми на ова достигнување, што сведочи дека грешките се неизбежен дел од животот.
„Вештачка интелигенција“
Роботот што очајно сака да стане вистинско момче ќе нѐ натера да се запрашаме што е тоа што човекот го прави човек. Во форма на необична футуристичка бајка за лик сличен на Пинокио, има обид да се најде љубов, разбирање и прифаќање.