Фото: Дарко Андоновски

Петар Младеновски, заедно со својот бенд „Суперхикс“ ги повикува обожавателите на соработка. Точно во 15 часот на социјаланите мрежи тие го промовираа својот најнов хит „СКАрантин“, но имаат супер идеја како спотот за оваа песна да биде навистина оригинален, за што им е потребна помош од сите оние кои ја саката нивната музика и ги поддржуваат во изминатите 26 години.

– Е па драги фанови, мразачи и почитувачи на „Суперхикс“, од денес по 15 часот, старт на полицискиот викенд, па до понеделник имате единствена можност да направите кратко видео како танцувате на нашиот најнов сингл со вашето семејство, сами или со вашите пријатели. Овие видеа ќе ги вклучиме во официјалниот спот за песната. Сите сме разгирани во скарантин, ве очекуваме. Видеата испраќајте ги до понеделник во инбокс на нашата фб фан страна https://www.facebook.com/superhiks/ или во DM на нашиот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/superhiksofficial/ – ги повика Пеце Суперхикс сите кои сакаат да бидат дел од оваа оригинална видео-приказна.

Песната е дело на сите члеови на групата: Петар Младеновски – бас и вокал, Борис Минов – гитара, Дарко Попов – тапани, Александар Спасовски – труба, Симе Златков – саксофон, Бранко Илиевски – тромбон, Гоце Лалковски – грамафони и Стефан Алексовски – клавијатури. Аудио обработка и снимање – Ненад Трифуновски – Трипе.

М.Т.