Најголемиот авион на светот „Стратоланч“ е дизајниран да лансира ракети во вселената, летала кои би достигнале висини на одалеченост меѓу 160 и 2000 километри над површината на планетата Земја.

Пол Ален, покојниот основач на компанијата која исто така се вика „Стратоланч“, се надеваше дека од авионот ќе може да лансира ракета со големина колку оние на НАСА, според пишувањата на „Вашингтон пост“.

Од неговото официјално претставување во јуни 2017 година, авионот мина низ серија на тестирања пред неговиот прв лет, кој е планиран за оваа година. „Стратоланч“ на својот Јутјуб канал објави видео во кое најголемиот авион на светот му се извршуваат тестирања на авионска писта и леталото достигнува брзина од 220 километри на час.