Дигиталниот музички сервис „Спотифај“ ги прогласи најдобрите песни и уметници во изминатава деценија, засновани врз навиките на слушање повеќе од 248 милиони глобални корисници.
Канадскиот рапер Дрејк се наоѓа на врвот, како најтрофеен уметник од 2010-тите, со повеќе од 28 милијарди прегледи. Неговата најемитувана песна е „One Dance“, која е преслушана 1,7 милијарда пати, иако беше потисната од песната „Shape Of You“ на Ед Ширан, со 2,4 милијарди прегледи, што ја прави најслушана песна на деценијата.
Глобално рангирање
Најпопуларни уметници на деценијата
1. Дрејк
2. Ед Ширан
3. Пост Малон
4. Аријана Гранде
5. Еминем
Најпопуларни машки
уметници на деценијата
1. Дрејк
2. Ед Ширан
3. Пост Малон
4. Еминем
5. Д Викенд
Најпопуларни женски уметници на деценијата
1. Аријана Гранде
2. Ријана
3. Тејлор Свифт
4. Сиа
5. Бијонсе
Најемитувани песни
на деценијата:
1. „Shape of You“ – Ед Ширан
2. „One Dance“ – Дрејк, Кила, ВизКид
3. „rockstar“ – Пост Малон, 21 Севиџ
4. „Closer“ – Д чејнсмокерс, Хелси
5. „Thinking Out Loud“ – Ед Ширан