Студентка од Универзитетот на Алабама создаде прототип на женска смарт-нараквица што при уличен грабеж или напад, испраќа сигнал до полицијата и до блиските на девојката што е нападната.
Навидум, накитот наликува на обична алка со два реда бисери. Но иноваторката Џајун Пател вградила и многу елеманти коишто не се гледаат, но можат да спречат дури и сексуален напад, што неретко се случува во универзитетските гратчиња.
Нараквицата се активира рачно, така што преку претходно меморирани телефонски броеви девојката веднаш ја алармира полицијата како за нападот, така и за нејзината местоположба.