Успехот на американската телевизиска минисерија во која се зборува за најголемата светска нуклеарна катастрофа во Чернобил, го зголеми бројот на туристи кои сакаат да ја посетат електраната, но и градот на духови во близина на електраната, пишува агенцијата „Ројтерс“.
Една чернобилска туристичка агенција бележи пораст од 40 проценти во резервациите од почетокот на серијата, чиeшто емитување почна во мај и наиде на позитивни критики во јавноста.
Минисеријата прикажува што се случило по експлозијата, операцијата за чистење на подрачјето и истрагата за несреќата.