Капењето на брегот на Бретанија во Франција е забрането откако сексуално фрустриран делфин упорно ги вознемирувал туристите во обид да ги задоволи своите потреби.
Делфинот со име Зафар постојано им се приближувал на туристите на плажата Ландевенек и се триел од нив, но и од мали бродови. Голем број туристи биле спречени во намерата да пливаат, а една жена ја подигнал со муцката и ја фрлил во воздух, што го натерало градоначалникот да реагира.
– Пливањето и нуркањето се забранети на плажата кога ќе биде потврдено присуство на делфинот во морето. Исто така, се забранува доближување до делфинот на растојание помало од 50 метри – објави локалниот градоначалник, предизвикувајќи негодување кај многумина кои мислат дека Зафар не е опасен и дека забраната е смешна.