Саша Барон Коен тајно го снимил второто продолжение на филмот „Борат“. Коен како снима на десничарски настан во јуни, бил забележан и за тоа поврдува познатиот блог за филмови „Колајдер“. Филмот „Борат 2“ бил прикажан пред неколкумина угледни личности од филмската индустрија.
„Колајдер“ најавил дека фимот „Борат 2“ би можел да биде објавен пред претседателските избори во САД во ноември, пренесува „Њујорк Пост“
Не е позната содржината на филмот. Непознато е и кој го финансирал и дали во него е вклучен Лари Чарлс, режисерот на првиот филм „Борат“ и продуцентот Џеј Роуч.
„Борат“ беше еден од најуспешните филмови во 2006 година, заработувајќи 262 милиони американски долари на светско ниво. За најдобра комедија освои златен глобус, а Коен беше номиниран за „оскар“ за најдобро адаптирано сценарио. Саша Барон Коен продолжил да создава апсурдни ликови во своите филмови „Бруно“ во 2009 година и „Диктаторот“ во 2012 година.