Де Силва во своето истражување ја користел формулата на златните пропорции на грчката убавина, за која уште од античко време се верува дека ја чува формулата на совршенството, а ја користел и големиот сликар Леонардо да Винчи
Британскиот естетски хирург Џулијан де Силва пресметал колку е нечие лице совршено врз основа на обликот на усните, брадата, очите и други карактеристики. Се покажало дека глумецот Роберт Патисон има лице што е најблиску до совршениот облик и симетрија. Неговиот резултат е 92,15 проценти.
– Роберт се најде меѓу петтемина совршени речиси во сите категории на мерење, бидејќи сѐ на неговото лице има класичен облик. Единствена категорија каде што постигна нешто послаб резултат е обликот на усните, кои кај него се малку потенки и порамни – објаснува д-р Силва.
На второто место е глумецот Хенри Кавил, со резултат 91,64 отсто, а на третото е Бредли Купер, кој имаше резултат од 91,08 процент. Славниот убавец Бред Пит овој пат го зазеде четвртото место со 90,51 проценти, а Џорџ Клуни со 89,91 отсто е петти. Следуваат Хју Џекмен, Дејвид Бекам, Идрис Елба, Канје Вест и Рајан Гослинг.
Де Силва во своето истражување ја користел формулата на златните пропорции на грчката убавина, за која уште од античко време се верува дека ја чува формулата на совршенството, а ја користел и големиот сликар Леонардо да Винчи.