Британската премиерка, Тереза Меј, повторно ги покажа своите танцувачки способности на музички фестивал, каде играше на хитовите на шведската група „АББА“.
Меј заедно со сопругот и пријателите се појави во кралската ложа на вестивалот и се забавуваше на „Денсинг квин“ и „Мама миа“.
Во ложата во која се наоѓала, како што пренесуваат британските медиуми, едно шише шампањ чинело 90 фунти.
Меј пристигнала на фестивалот во придружба на телохранители.