Џин шин џутсу е древна јапонска алтернативна техника, според која, можете да се ослободите од разни здравствени проблеми – физички и ментални – со стегање на одредени прсти на вашата рака. Тоа е уметност за усогласување на животната енергија со телото. Според ова толкување, секој прст на раката означува еден дел од нашето тело, тоа е одреден орган, ментална состојба и физички симптоми. Со притискање на секој прст можете да го балансирате телото и да ја ублажите непријатноста.
Со притискањето на палецот се ублажуваат проблемите во стомакот и желудникот. Овој притисок исто така ги ублажува вознемиреноста, депресијата и нервозата. За проблеми со мочниот меур или бубрезите, притиснете го показалецот. Исто така, ги ублажува болките во грбот, грчевите и варењето на храната.
Ако имате проблеми со црниот дроб или нервите, цврсто стиснете го средниот прст и држете го така некое време. Го ублажува стресот и може да има добар ефект врз кардиоваскуларното здравје и да ги реши менструалните проблеми, проблеми со видот или главоболки. Прстот до малиот прст стиснете го ако имате проблеми со белите дробови и лошо варење или ако сте под стрес. А притискањето на малиот прст, влијае на срцето, ги намалува нервозата, проблемите со коските, надуеноста, болките во грлото, вознемиреността и нападите на паника.