Принцот Чарлс го обожаваат неговите внуци. Тој е многу посветен дедо на Џорџ, Шарлота и Луис и се чини дека има посебен однос со најмалиот син на принцот Вилијам.
Малото момче го прослави својот втор роденден, а дедо му му честита со фотографија на Инстаграм, која одушеви стотици илјади луѓе. Официјалниот профил на Чарлс, Кларенс Хаус, објави фотографија на која принцот Луис и принцот Чарлс се гушкаат.
– Вакви емоции не се гледаат често од членовите на кралското семејство – се вели во коментарите.
Роденденот на малиот Луис му го честитаа и неговите родители на официјалниот кралски профил на Инстаграм, а мама Кејт направи нови фотографии од малиот принц што ги воодушеви обожавателите.