Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора кој беше хоспитализиран пред една недела, е добро, изјави денеска неговиот внук Вилијам.
На новинарско прашање за здравјето на неговиот дедо, принцот Вилијам одговори: „Принцот Филип е добро, држете го на око“, и им намигна на присутните.
Принцот Филип (99) беше примен во болницата Кинг Едвард VII. во Лондон, во вторникот вечерта.
– Тој беше хоспитализиран како претпазливост по совет на кралицата, откако не се чувствуваше добро – се вели во соопштението од палатата.
Извор од палатата прецизирал дека принцот немал Ковид-19. Првата доза на вакцината ја примил на почетокот на јануари.
Принцот Филип се пензионираше во август 2017 година и учествуваше во повеќе од 22.000 официјални јавни обврски откако неговата сопруга седна на тронот во 1952 година.