Музејот „Гети“ во Лос Анџелес, САД, деновиве им даде виртуелен предизвик на своите посетители да направат реплики на светски познати уметнички дела, од она што можат да го најдат во своите домови, каде што во моментот се во изолација поради пандемијата на коронавирусот.
На адресата на музејот пристигнаа огромен број креативни фотографии на кои луѓето ги пресоздале своите омилени слики во безбедноста на своите домови на Рембрант, Рубенс, Мондријан, Пикасо, Салвадор Дали и многу други врвни уметници. Љубителите на сликарството со многу ентузијазам одговорија на предизвикот. Заслужено, овие уникатни фотографии деновиве ги преплавија социјалните мрежи.