СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Првите три епизоди од новата сезона на наградуваната серија „Приказната на робинката“ се достапни од 29 април на Ејч-би-о гоу. Серијата се базира на романот на Маргарет Атвуд и раскажува приказна за животот во дистопичната држава Гилеад, која е тоталитарно општество во поранешните САД. Соочувајќи се со еколошки катастрофи и намален наталитет, во Гилеад владее изопачен фундаментализам, кој ги третира жените како сопственост. Како една од неколкуте преостанати плодни жени, Офред (Елизабет Мос) е робинка во куќата на Командантот. Таа е една од жените принудени да бидат сексуални робинки во последниот очајнички обид повторно да се насели светот. Во ова ужасно општество, Офред мора да се справува со командантите, нивните сурови сопруги и другите робинки, каде што секој може да биде шпион. А тоа го прави со една цел – да преживее и да ја најде ќерка си, која ѝ е одземена.

Во четвртата сезона, Џун (Елизабет Мос) го возвраќа ударот во Гилеад како жесток водач на бунтовниците, но ризиците што ги презема донесуваат неочекувани и опасни предизвици. Нејзината потрага по правда се заканува да ја обземе целосно и да ги уништи нејзините најважни односи што ги има создадено.
Покрај Елизабет Мос, која ја гледаме во главната улога, во серијата настапуваат и: Џозеф Фајнс, Ивон Страховски, Самира Вајли, Алексис Бледел, Ен Дауд, Макс Мингела, Медлин Бруер, О-Т Фагбенл, Аманда Бругел, Бредли Витфорд и Сем Џегер. Извршни продуценти на четвртата сезона на серијата се Брус Милер, Ворен Литфилд, Елизабет Мос, Даниел Вилсон, Френ Сирс, Ерик Тухман, Џон Вебер, Френк Сиракуза, Шејла Хокин, Кира Снајдер и Јалин Ченг.