Актерот Хал Холбрук, познат по портретирањето на американскиот писател Марк Твен и уште многу успешни улоги, почина на 95-годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.
Холбрук починал на 23 јануари во неговиот дом во Беверли Хилс, а веста за неговата смрт неколку дена подоцна ја потврди Џојс Коен, неговата асистентка.
За споредна улога во филмот „Во дивината “, Холбрук на 82-годишна возраст во 2008 година, како најстариот актер во историјата на филмската академија бил номиниран за наградата „оскар“.
Останува запаметен и препознатлив по неговата улога на писателотот Марк Твен. Со отелотворувањето на американскиот романсиер, хуморист и социјален критичар во шоуто „Марк Твен Вечерва“, Холбрук започнал да ја изведува во 1954 година.
Улогата на Твен актерот ја осмислил уште во средината на 50-тите години на минатиот век. За ова шоу во 1966 година ја добил наградата „Тони“ за најдобар актер.
Холбрук сметал дека на сцена може повеќе да се научи за личноста на Твен отколку од неговите литературни дела. Облечен и маскиран како Марк Твен и со компилации од извадоци од неговите дела, Холбрук имал многубројни настапи низ Америка и во странство цели шест децении.