По долго и тешеко боледување на 87-годишна возраст почина Даринка Дара Чалениќ, познатата актерка од култната серија „Жикина династија“. Таа ја играше улогата на Дара, сопругата на Жика.
Дара Чалениќ родена е на 18 јули 1934 година во Нови Сад, каде што завршила основно образование, гимназија и средна актерска школа во Српскиот народен театар.
Првиот настап го имала во 1949 година во Народниот театар во Краљево, а во 1954 година станува членка на Српскиот народен театар во Нови Сад.
Во 1960 година таа преминала во Современиот театар во Белград, а во 1964 во Југословенско драмски театар. Во 1974 година станува слободен уметник, а се пензионира во 1988 година.
На сцената одиграла повеќе од 40 главни улоги, а на телевизија учествувала во многу драмски емисии, разни серии, забавни и детски програми.
Погребот ќе се одржи во Нови Сад во кругот на најблиските роднини.