Роман „Последниот човек“ е застрашувачки потсетник за можната иднина на човештвото
Романот „Последниот човек“ од британската писателка Мери Волстонкрафт Шели е научно-фантастична приказна во посапокалиптичен свет уништен од чума, и е идеална книга за читање за време на пандемијата од коронавирусот. Објавен во 1826 година од авторката на „Франкенштајн“, романот раскажува како природата го уништила човештвото поради неговото однесување, односно загадувањето. Иако романот е објавен пред речиси 200 години, приказната е застрашувачка и релевантна денес.
Во почетокот на 19 век, на темите како што се војната, болестите и природните катастрофи се гледаше како на можни и сигурни причини за пропаст на човештвото. Стравувањата се појавија исто така благодарение и на откритијата од античкиот свет, односно откритието на коските на диносаурусите и нивното катаклизмичко изумирање.
– Новите сознанија за исчезнувањето на диносаурусите ги натера луѓето да стравуваат дека човештвото исто така можат да бидат збришано од Земјата – вели Оливија Марфи од Универзитетот во Сиднеј.
Главниот лик во романот, Лионел Верни, е селско момче од 2100-тата година. Мешајќи се во аристократските кругови, тој и неговите пријатели стануваат свесни за настапувањето на чумата, која ја зафаќа планетата сè додека на крајот жив не остане само Верни. Приказната е раскажана во 3 тома и е полна со драма и меѓународна интрига.
Писателите од тоа време се обидувале да насликаат литературни дела со очај. „Последниот човек“ денес се смета за прв дистописки пост-апокалиптичен роман напишан на англиски јазик. Во минатото, сепак, на него се гледаше како што денес се гледа на најновата популарност на зомби-филмовите.
„Одвратно повторување на ужасите, дете на заболена имагинација и најгаден вкус“, се вели во ревјуто напишано за „Последниот човек“ од Мортон Д.Пејли во 1989 година.
Наративот се фокусира на „свет во кој луѓето исчезнуваат и светот изгледа подобар заради тоа, предизвикувајќи сценарио во кое последниот преживеан го доведува во состојба во која тој постојано го става под прашање неговото право на постоење“.
Инспирацијата на авторката за „Последниот човек“ била нејзината лична изолација. Некогаш таа била дел од славните кругови кои ги вклучувале писателите Лорд Бајрон и нејзиниот сопруг Перси Бише Шели. Таа била несреќна уште од самата нејзина младост. Романот е посветен на нејзиниот сопругот, кој умрел на море, и на Бајрон.
Нејзиниот пол исто така играл улога во тоа како бил примен романот од читателските кругови. „Франкенштајн“ можеби е првиот и веројатно највлијателниот научно-фантастичен роман на сите времиња, но Шели се бореше да биде прифатена од тогашните литературни кругови и да биде сфатена сериозно дури и во подоцнежните години од нејзиниот живот.
„Последниот човек“ беше роман пред своето време, а визијата на Шели денес се чини дека полека станува сѐ посериозна и неминовна, мрачна стварност.