Таа обично е во движње – од пишување песни до глума и постојани турнеи. Но карантинот ја принуди 30-годишната пејачка и текстописец Тејлор Свифт да успори и да најде време за други активности по дома.

Славната поп-ѕвезда, која беше прогласена за изведувач на деценијата и најпродаван изведувач во светски рамки, вели дека сега има доволно време да гледа филмски класици и да подготвува вкусна вечера.

– Сакам да ја поминам вечерта во спремање јадење со чаша вино и евергрин музика – изјави таа во разговор со списанието „Пипл“.

Тејлор ги пофали филмовите на мајсторот на трилерот Хичкок и рече дека ужива додека ги гледа. Таа препорача и филм кој вели не смее да се пропушти. „Заден прозорец“, ако не сте го виделе, гледајте го. Во него глуми Грејс Кели, филмот е феноменален, и е во режија е на Алфред Хичкок.“

Тејлор неодамна во друго интервју говореше за начините да бидеме конектирани со пријателите и со фамилијата во периодот на изолација.

„Знам дека многу мои пријатели и јас комунициравме на Фејстајм, што секогаш е смешно. Мислам дека е навистина важно сите да останеме поврзани затоа што изолацијата не значи губење на контакт со сите, а благодарение на модерната технологија, остануваме во контакт со луѓето, со пријателите. И не мора тоа да биде физички контакт – рече таа во интервју за „Сириус Икс-ем“ на почетокот на месецов.