Оние кои се наоѓаат на високи позиции на моќ честопати живеат во постојана опасност. Низ текот на историјата има многу случаи во кои влијателни личности биле напаѓани и убиени. Нивниот атентат често предизвикувал масовен шок и потрес во светски рамки. Како таков случај се посочува убиството на австрискиот принц Франц Фердинанд, чиј атентат предизвика војна од незамисливи и претходно невидени размери во светот.
Атентатот на австрискиот принц Франц Фердинанд и неговата сопруга
Гаврило Принцип имал само 18 години кога го насочил пиштолот кон Франц Фердинанд и неговата сопруга Софи. Франц Фердинанд бил потенцијален наследник на Австро-Унгарската империја. Тој престојувал во Сараево на 28 јуни 1914 година, што ќе донесе несогледливи последици. Неговиот престој во Сараево бил очекуван од група млади луѓе кои биле лути поради анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарската империја. Поддржани од терористичко движење познато како „Црна рака“, која ги вооружила револуционерите, планот за атентат на принцот Фердинанд бил изготвен. Последниот ден од посетата на принцот, членовите на организацијата зазеле позиции на рутата по која требало да помине поворката со принцот. Првиот обид за атентат пропаднал, а во хаосот кој настанал, принцот Фердинанд инсистирал да ги посети неговите повредени офицери во болницата. Сосела случајно, возачот завртел на погрешна споредна уличка, каде што се наоѓал Гаврило Принцип. По атентатот, Гаврило се обидел да си го одземе животот, но без успех. Бил осуден на 20 години затвор, но починал од туберкулоза во 1918 година. Набрзо по атентатот, светот потпаднал во хаосот на Првата светска војна, во која милиони луѓе ги загубиле своите животи.
Убиството на американскиот претседател Џон Кенеди
Американскиот претседател Џон Ф. Кенеди требало да одржи говор на Далас Трејд Март на 22 декември, 1963 година, кога неговата поворка поминувала низ Далас. Според полицискиот извештај, три куршуми биле испукани од атентаторот Ли Харви Освалд. Првиот куршум ја промашил целта, додека вториот го погодил во вратот, а третиот бил пресуден, погодувајќи го во главата. Освалд бил трениран маринец, кој бил отпуштен од служба и сакал да добие советско државјанство. Подоцна, Освалд бил убиен од страна на Џек Руби, чиј мотив бил да го убие атентаторот со цел Џеклин Кенеди да не мора да се соочи со него за време на судските процеси. Смртта на Џон Кенеди ќе биде инспирација на теоретичарите на заговор во долги години по неговата смрт.
Смртта на американскиот претседател Абрахам Линколн
Абрахам Линколн бил на претставата „Нашиот американски братучед“ во Фордовиот театар во Вашингтон. на 14 април, 1865 година, само една недела откако трупите на Конфедерацијата се предале во сојузната држава Вирџинија, со што конечно била завршена Американската цивилна војна, атентаторот Џон Вилкс Бут му пришол на Линколн во ложата во која тој бил со неговата сопруга Мери Тод Линколн. Бут бил актер кој отворено бил поддржувач на Конфедерацијата. Откако испукал куршум во главата на Линколн, Бут скокнал од ложата и избегал од театарот и покрај повредедата на ногата со која се здобил од падот. Во потрагата по Џок Вилкс Бут биле вклучени десет илјади луѓе составени од федерални трупи, детективи и полицајци.
Махатма Ганди го пречекал својот атентатор со насмевка
Махатма Ганди бил почитуван водич и мирољубив преговарач во повоена Индија, откако се здобила со независност од Велика Британија по Втората светска војна. Но, неговата порака на мир не била почитувана од националистите од завојуваните страни на муслиманските и хинду екстремистите. Самиот негов атентатор бил хинду фанатик. Ганди имал 78 години кога го пречекал атентаторот во неговото престојувалиште во Делхи. Насилната смрт на Ганди се случила на 30 јануари 1948 година, откако Натурам Годсе го застрелал во градите и стомакот. Ганди починал половина час откако бил застрелан. Годсе бил осуден и погубен истата година.
Насилниот крај на Мартин Лутер Кинг
Саканиот водич и поборник за човекови права Мартин Лутер Кинг помладиот бил убиен на 4 април 1968 година, во Мемфис. Атентатот се случил во мотелот „Лорен“, каде што тој престојувал. Бил убиен од Џејмс Ерл Реј. Пет години пред неговата смрт, Кинг бил еден од најважните учесници на маршот за работнички права и слободи одржан во Вашингтон. Подоцна, во 1963 година, на марш со 250 илјади луѓе тој го одржал својот познат говор „Имам сон“. Еден ден пред неговата смрт, тој го одржал својот последен говор во Мемфис, велејќи дека не се плаши од ништо и дека ја видел славата на Господ.