Процентуално, за да бидеме среќни, 10 отсто зависи од надворешните фактори, 40 проценти е во доменот на генетските предиспозиции, а преостанатите 50 отсто се лично наша одлука. Само од нас зависи дали ќе бидеме среќни, поточно од целите што сме си ги поставиле и од релациите што ги воспоставуваме со луѓето, тврдат стручњаците. Во прилог на ова тврдење, тие истакнуваат дека еден сиромашен селанец може да биде посреќен од банкар од некоја светска метропола што заработува баснословни суми пари.
1. Изберете ја работата според желбата, а не според висината на платата. Суштината е на работа да одиме со насмевка, а не со тежина во стомакот, бидејќи ова второто не можат да го решат парите.
2. „Купувајте“ слободно време, секогаш кога можете. Украдете некој миг само за себе. Затоа понекогаш платете му некому да ви ги испегла алиштата или да ви ги исчисти прозорците, а за тоа време вие уживајте во безделничење.
3. Дружете се со позитивни луѓе. Изберете друштво на ведри и оптимистички расположени луѓе, бидејќи со оние мрачните и негативните не можете да се чувствувате среќно.
4. Помагајте им на другите. И најмало хумано дело е гаранција за нечија насмевка, а тоа несомнено ќе ве развесели и вас.
5. Донесувајте храбри одлуки. Излезете повремено од зоната на комфорот и пресечете, наместо да чекате работите да се решат сами од себе.