Четириесетгодишниот бизнисмен Картер Рим ја запросил Парис Хилтон, познатата наследничка на хотелскиот гигант „Хилтон“. Тоа се случило на неговиот приватен остров на 13 февруари, по едногодишна врска. На Парис Хилтон ова ѝ е четврта свршувачка.
Рим на својата избраничка ѝ дал дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од Жан Дусе, правнукот на Картие, само еден викенд пред нејзиниот 40-ти роденден.
– Возбудена сум за следното поглавје, имам партнер што ме поддржува. Во нашата врска сме рамноправни. Заедно сме подобри луѓе. Чекањето вредеше, апсолутно – изјавила Хилтон за „Вог“.
На Инстаграм таа напишала „кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, го знаете тоа. Тоа го чувствувате.“
Според објавата, Рим по интимна вечера клекнал на колена пред неа и таа му рекла „да, засекогаш. Нема друга личност со која повеќе би сакала да го минам својот живот“.
Гласините дека Хилтон и Рим се во врска, првпат се појавија во јануари минатата година, кога тие беа заедно на свеченостите околу „Златните глобуси“. Парот потврди за нивната врска на Инстаграм во април, со фотографија на која тие се бакнуваат.
Претходната трета свршувачка на Хилтон беше со Крис Зилка. Таа и Зилка ја раскинаа свршувачката во ноември 2018 година. Хилтон претходно била свршена првин со моделот Џејсон Шо во раните 2000-ти, а потоа со филмскиот продуцент Парис Латсис во 2004 година.