Опра Винфри најави ново ТВ-шоу „Разговор со Опра“ и дигитално издание на нејзиниот месечен магазин „О“, по 20 години и тираж од 10 милиони, пренесуваат медиумите.

Опра објави дека нејзиното ново шоу „Разговор со Опра“ ќе се емитува ексклузивно на „Епл ТВ +“, бесплатно. Во своето ново шоу, 66-годишната Опра ќе „разговара за актуелни теми и ќе води интимни дискусии со истакнати новинари, мислители и мајсторите на нивниот занает“, се вели во нејзиното соопштение. Во првата емисија таа и еден од најпродаваните автори, Ибрам Кенди, кој го напиша бестселерот „Како да се биде антирасист“, ќе зборуваат на тема на расизмот во САД.

Ибрам Кенди е американски автор, историчар и призаен научник за раса и дискриминаторска политика во Америка. Кенди овој месец ја презеде функцијата директор на Центарот за антирасистички истражувања на Универзитетот во Бостон.

– Време е да го вратиме човештвото на разговор – напишала Винфри на Твитер по најавата за своето ново шоу.