Актерската двојка Берѓузар Корел и Халир Ергенч, кои на телевизиската публика ѝ останаа во сеќавање како Онур и Шехерезад од мегапопуларната турска сапуница „Илјада и една ноќ“, очекуваат принова во семејството. Берѓузар на Инстаграм неодамна сподели фотографии на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.
Славната турска глумица со овој потег ги одушеви обожавателите, кои ја наградија со многу комплименти.
– Не можам да ја опишам нашата среќа, бременоста навистина е благословена состојба и токму така и се чувствувам. На сите им се заблагодаруваме за убавите желби – изјави глумицата.
Берѓузар и Халит имаат едно дете, тоа е деветгодишниот син Али, а се вљубија пред 13 години за време на снимањето на серијата со која се прославија „Илјада и една ноќ“. Поради тоа Халит тогаш ја напушти својата трудна сопруга Гизем Сојсалди.