Почнувајќи од 19 септември, секоја недела од 20 часот, премиерно на Телма телевизија ќе се емитува хуманитарната емисија „Проект куќа со Кристина“.
– Целта на овој ТВ-проект е да покаже дека заедно можеме да направиме големи нешта, само ако сакаме! Пандемијата нѐ забави, но не нѐ запре. Им помагаме на самохрани родители, но и на семејства на работ на егзистенција. Им донесовме среќа на многу фамилии, со комплетна трансформација на домот и услови за живеење каде што секој член ќе ужива во својот простор! Им благодариме на големите срца и општествената одговорност на голем број помагатели, без кои овој серијал не би бил можен – велат ангажираните во овој голем потфат.
„Проект куќа“ досега израдува многу луѓе, а ќе трае сѐ додека има хумани луѓе што сакаат да помогнат.