Сабота 1.2.2020=7
Неутрален ден

Може да се каже дека денеска е еден вид природно продолжение на вчерашниот ден, па добро би било да продолжите онаму каде што застанавте вчера, со сите оние работи што херојски и смело ги инициравте за другите или за самите себе. Важно е денот да го поминете во креативна, мирна и пријатна атмосфера, така што таквата енергија ќе ве придружува во текот на целиот февруари. На некои во љубовта им стои одлично „да“, додека за оние што работат во музичката сфера доаѓаат поголеми приливи на пари.

Совет: Сè што правите денеска, направете го пожртвувано и посветено.


Недела 2.2.2020=8
Среќен ден

Енергијата на денот е многу среќна и возбудлива, особено за поединци што се добри организатори на работата, животот и одржувањето на здравјето на старите лица во нивната непосредна околина или сопственото семејство. Одлично им оди на оние што се ексцентрични, антипатични, повлечени, имаат тешка енергија и слично. На љубовен план, некои очекуваат вистински емотивен, но многу позитивен љубовен вител, додека некои трговци и туристички работници имаат среќа на финансиски план.

Совет: Следете го патот на слободата и интуицијата, која треба да ве води.