СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП, СПУСТ
Италијанката Софија Гоџа и Швајцарецот Бeaт Фoјц се победници во дисциплината спуст сезонава во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, откако вчера поради лошото време и големиот снег беа откажани последните брзински трки сезонава во Ленцерхајд, Швајцарија, објави „Ројтерс“. „Според правилата на СК, трките нема да бидат презакажани“, соопшти Светската скијачка федерација (ФИС).
Олимписката шампионка Гоџа имаше 70 поени повеќе од Швајцарката Корин Сутер и покрај едномесечно отсуство од патеките поради повредата на коленото поради што го пропушти и Светското првенство во Кортина д’Ампецо. За неа ова е втор триумф во спуст во СК (претходно во 2018 година). Фојц, пак, кој имаше 68 поени предност пред Австриецот Матијас Маер, го освојува малиот кристален глобус во спуст четврта сезона по ред, со што се израмни со сонародникот Дидие Куш, кој триумфира четири пати во периодот од 2006 до 2011 година.
Денеска треба да одржат трките во супервелеслалом, во женска и во машка конкуренција.