Новиот албум на светската музичка ѕвезда Адел наречен „30“ се искачи на првото место на топ-листите и стана најпродаваниот албум на годината, соборувајќи го рекордот на некогаш многу популарната шведска поп-група „АББА“, пренесуваат британските медиуми.
Во првата недела од објавувањето беа продадени 261.000 примероци од албумот „30“, а „Voyage“, повратниот албум на „ABBA“, продаден е во 204.000 примероци.
Сепак, ова остварување е далеку во споредба со нејзиниот претходен албум „25“, објавен во 2015 година. Албумот беше продаден во 800.000 примероци во првата недела, многу повеќе од последниот албум „30“.
Со својот последен албум Адел го симна Ед Ширан од врвот на топ листите со албумот „Equals“.