Секој што се грижи за своето здравје треба да се обиде да одвои време за да пешачи, а во комбинација со добри навики во исхраната, тоа ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми. Можеби не изгледа како најефикасна вежба, но експертите докажаа дека може да помогне во губење на тежината и подобрување на менталното здравје. Само неколку илјади чекори дневно можат да согорат стотици калории.
– Тоа е аеробна вежба што е лесна за изведување и му овозможува на човекот да троши енергија и да согорува калории, така што во секој случај помага при процесот на слабеење – вели Седрик Брајант, претседател на Американскиот совет за вежбање.
За да постигнете добро здравје, се препорачува да пешачите околу 30 минути повеќето денови во неделата, или што е можно почесто.
– Ако сакате да изгубите тежина, одете во опсег од 45 до 60 минути. Имајте на ум дека не треба да правите сѐ одеднаш, можете да ја поделите прошетката на неколку дела – вели Брајант.
На пример, можете да одите на 30-минутна прошетка наутро и да пешачите уште 15 или 30 минути по вечерата.
– Идејата е да се „соберат“ оние 45 или 60 минути пешачење. Тоа ќе ви помогне да изгубите тежина – вели тој.
Диететичарката Саманта Касети од Њујорк објасни дека просечната 40-годишна жена може да изгуби пет килограми за два месеца ако пешачи по еден час неделно. Меѓутоа, одењето не може да ви помогне да ја „исправите“ лошата исхрана.