Домување

Ако сте од оние што сакаат да го усогласуваат ентериерот со сезоната, сега е вистинско време да ги извадите сите ваши прекрасни есенски детали и да бидете креативни. Извадете шарени перници, нежни и меки ќебиња, мирисливи свеќи, дрвени украси и украсете го вашиот дом.
Карираните перници, ќебиња или завеси се едноставно заштитен знак на есенската сезона. Ако сте љубител на детали, збогатете го вашиот дом со украс на маса што лесно и брзо можете сами да го направите. Изберете послужавник на кој ќе распоредите разни старовремски дрвени фигури, мирислива свеќа, мини-растение, суви лисја и, секако, минијатурна тиква. Уживајте во волшебната рапсодија од детали, мириси и бои. Кога станува збор за декоративни елементи, експертите сметаат дека треба да се посвети особено внимание на украсните перници, кои можете да ги организирате речиси низ целата куќа, почнувајќи од спалната соба, преку дневната соба, сè до ходникот и балконот, пишува „Индипендент“.
Збогатете ги парчињата за кои сметате дека се едноставни и еднобојни со некоја перница во есенски бои и дезени и ќе видите дека ќе внесат одлична атмосфера во вашиот дом.