Војвотката од Сасекс Меган Маркл после секое снимање на серијата „Костуми“ во која го глумеше ликот на Рејчел Зејн, целата преостаната храна ја донирала на бездомниците, пишуваат светските медиуми.
Кралскиот коментатор Омид Скоби во емисија објавена овој месец, открил како поради нејзиното хумано однесување го добила прекарот „Меган ги завршува работите“. Тој прекар е во позитива смисла и го добила од колегите од серијата.
Извршниот директор на серијата Брајан Херис ја објаснува хуманоста на Меган, истакнувајќи дека за Денот на благодарноста таа ја донирала целата храна на околу 100 бездомници.
Меган Маркл е позната по својата хуманитарна работа. Заедно со прицот Хари, Меган изминатиот декември одбрале 12 хуманитарни организации на кои им помагале.