Тајната на Клаудија Шифер за беспрекорна кожа
Бившата манекенка и фотомоделка Клаудија Шифер, која наполни 50 години, сѐ уште има блескав тен и младолико лице. Како што вели, тоа е резултат на нејзината секојдневна рутина.
Имено, убавата Клаудија денот го почнува со миење на лицето со студена вода, по што става хидратантен крем. Тоа задолжително го прави со кружни масажни движења,за да ја поттикне циркулацијата.
– Сметам дека масажата на лицето е тајната на убавината. Тоа за мене е неопходен ритуал за одржување на тонусот на кожата и за нејзиниот сјај – вели Шифер.
Потоа таа става серум и масло на лицето. Верува дека тие ги спречуваат воспалителните процеси на кожата. Понекогаш става и маска за детоксикација.
Исто така користи и разни соли, а во чантата секогаш има балсам за усни.
Освен тоа, пие многу вода и билни чаеви. Додава дека за убав изглед е неопходен и добар сон.