Карминот – совршена алтернатива за руменилото и за сенката за очи
Карминот е еден од најчесто користените козметички производи за шминкање. Но дали сте знаеле дека тој не мора да се става исклучиво на усните. Голем број шминкери го препорачуваат како алтернатива за голем број производи. Во различни нијанси се користи и како бронзер, руменило и сенка за очи.
Руменило – Ставете неколку точки кармин на вашите образи и добро размачкајте ги со прстите. Кожата на тој дел ќе ја добие посакуваната нијанса.
Бронзер – Карминот можете да го употребите и како алтернатива за бронзер. Кафениот кармин, без оглед дали сакате сјајна кожа или нагласени образи, е совршен избор.
Туш за очи – Ако имате повеќе течни кармини, можете да ги употребите како туш за очи. Бидете креативни и поиграјте си со стиловите на шминкањето.
Сенка за очи – Кога станува збор за сенка за очи, ставањето кармин на очните капаци е одлична идеја бидејќи кармините се долготрајни. Во случај вашиот омилен кармин да е при крај, парчиња сенка за очи помешајте со балсам за усни и ставете ги на капаците наместо сенка.