Животот по преселбата на прицот Хари и Меган Маркл во Лос Анџелес може да стане комплициран, бидејќи внукот на кралицата нема да може да работи во САД без зелна карта, пренесува британски „Експрес“.
Војводата од Сасекс може да добие редовна виза Б1 или Б2 по неговото преселување во Холивуд на почетокот од овој месец. Дури претходно и да имал дипломатска виза А1, Хари пак нема да може да работи, освен во својство на владин или дипломатски ангажман.
За да добие зелен картон, принцот има три опции. Самиот да се спонзорира во категоријата извонредна способност, Маркл да го спонзорира како државјанин на САД, или да го спонзорира американски ентитет (како на пример, добротворна организација).
После три години со зелен картон, Хари има право да стане државјанин на САД, но тоа би значело дека ќе мора да се откаже од својот статус во редот за наследување на британскиот престол.