Треба да слушате музика 13 минути за да се ослободите од тагата и девет минути за да ве направи среќен, според новата студија.
Фасцинантното ново истражување докажува дека музиката лекува. Студијата сугерира музиката во иднина може да се препише како терапија за полесно да се фокусираме, да се чувствуваме посреќни, да се опуштиме и да ја надминеме тагата.
Резултатите на најновите истражувања од британската академија за терапија со звук, покажала дека постои одредена доза на музика открива колку долго треба да се слуша за да кај поединецот се постигне терапевтски ефект.
Во последниве години, психолозите докажаа дека музиката може да има позитивен ефект врз нашето здравје, па истражувачите од БАСТ беа заинтересирани да откријат дали е можно да се препише музика за да ни помогне за подобрување на расположението.
Нивната студија наречена „Музика како медицина“, тестирала 7.581 учесници и открила дека 89 проценти веруваат дека музиката е суштинска за нивното здравје и благосостојба, па нема сомнение дека таа игра важна улога во нашиот секојдневен живот.
Додека 90,15 проценти од учесниците музика ја користеле за опуштање, 81,80 проценти за да се чувствуваат среќни, 46,5 проценти за да ја обработат или да сеослободат од тага, а 32,53 проценти како помош при концентрирање.
Најдобрата музика за релаксација е со бавно темпо, едноставна мелодија и без стихови. Од слушањето музика забележани се многу придобивки, вклучително и намалена затегнатост на мускулите, исчезнување на негативните мисли, чувство на мир и задоволство како и можност за подобро спиење.