Откако знае за себе Елмили Талбут е голема обожавателка на Дизниевите анимирани филмови.
– Израснав во едно изразено дизниево домаќинство, заедно со мојата сестра. И двете ги обожававме приказните, како и нивната музика – вели Емили.
Омилен костум на Емили бил фустанот на Бел од „Убавицата и ѕверот“.
Кога во 2017 година излезе римејкот на „Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотсон во главната улога Емили била воодушевена.
Во март се појави стриминг-сервисот „Дизни плус“, кој овозможува пристап до старите класици, па во првите месеци на изолација Емили гледала само тоа.
Силни емоции предизвукуваат цртаните на „Дизни“. Меѓутоа дали тие чувства можат да се експлоатираат?
Носталгија во доба на корона
– Носталгијата обично се дефинира како сентиментална склоност кон минатото. Римејковите на некои од овие филмови можат да предизвикаат носталгија и да не наведат да се сеќаваме на времињата кога сè било во ред. Луѓето тоа го доживуваат како позитивни, горко-слатки емоции – вели Винџанд ван Тилбург, професор по психологија на Универзитетот во Есекс.
Меѓутоа, носталгијата може да биде корисна во текот на неизвесни и тешки времиња.
Носталгијата може да биде корисна, вели тој, затоа што содржи многу социјални елементи и може да ни помогне да се почувствуваме поврзани со другите.
Игра со бројки
„Мулан“ е Дизниева преработка на анимираниот филм од 1998 година, кој е заснован на кинеската легенда „Балада за Мулан“. Нејзиното премиерно прикажување, одложено неколку месеци и конечно прикажано на „Дизни плус“ наместо во кино-салите, стигна после три Дизниеви римејка од минатата година: „Кралот лав“, „Аладин“ и „Дамбо“.
„Пепелашка“ од 2015 година го крена новиот бран на преработени дела, а после неа следеа „Книга за џунглата“ (2016) и „Убавицата и ѕверот“ (2017).
Шестте римејка, кои заедно заработија 5,8 милијарди долари на благајните, покажуваат дека очигледно постои голем апетит за нашето детство.
Меѓутоа, во време на коронавирус, не би требало ли публиката повеќе да биде наклонета кон старите класици?
Луѓето сакаат да се сеќаваат на минатото. Повеќето филмови денес се продолженија или римејкови – вели Семјуел Џонс, еден до творците на јутјуб-каналот за филмски рецензии „Нитпикс“.
Најновото видео на „Нитпикс“ се вика „Како ‘Дизни’ го уништи ‘Кралот лав’ “ и трае повеќе од еден час.
– Нема душа, нема личности, нема ништо што возбудува како што возбудуваше оригиналот – вели Макс Бардсл, колега на Семјуел од „Нитпикс“.
Тој смета дека овие римејкови се поинакви, и дека е штета што се уништува споменот за оригиналите.
Пандемијата не е единствена причина што периодов толку ни е привлечно чувството на носталгија. Семјуел вели дека тоа има врска и со технологијата. Тој смета дека интернетот и социјалните мрежи треба да ја срушат социјалната граница и повеќе да нè зближат.
Емили, која две години волонтираше во „Дизни“ за време на летните одмори, вели дека како голема обожавателка на филмовите на „Дизни“ е загрижена дека ќе се изгуби вистинскиот впечаток што тие треба да го остават.
„Мулан“ е малку поинаква затоа што повеќе се потпира на кинеската легенда отколку на Дизниевиот анимиран филм.
Омилениот лик на обожавателите, змејот Мушу, кој во верзијата од 1998 година гласот му го позјамуваше Еди Марфи, не е во филмот, а ги нема и песните.
– Ги нема и големите ѕвезди во атрактивни улоги, како што е Вил Смит во улога на дух од ламбата – вели Емили.
После „Мулан“ „Дизни“ најави девет „Дизниеви играни верзии“, кои ќе се појават меѓу 2021 и 2023 година. Меѓу нив се „Малата сирена“, „Петар Пан“ и „Круела“.
„Дизни“ во меѓувреме работи на „Ѕвонарот на Богородичната црква“, „Лила и Стич“ и „Пинокио“. Некои од нив веројатно ќе бидат пуштен само на стриминг-сервисот „Дизни плус“.
Меѓутоа, не се само анимираните филмови оние што ќе добијат нова верзија. Уште во 2019 година најавена е преработка на „Сам дома“, „Ноќ во музејот“, „Индијана Џонс“.