Талентираниот турски модел Ерсан Зибер (28), по потекло од Македонија, каде живее и неговото семејство, изминатава недела е прогласен за најуспешен модел на Балканот.
Во изминатите 15 години имаше бројни ангажмани за познати модни брендови како што се „Масимо Дути“ и „Бос“, а веќе има најава за ангажман во швајцарска модна агенција.
– Оваа награда многу му значи зашто на тој начин ќе ја претставува својата земја низ целиот Балкан и низ целиот свет-вели Зибер.
Тој во својата манекенска кариера беше дел од неколку наши агенции, а работеше и во Италија и во Франција.
Во изминатиот период тој најави дека ќе ги проширува своите професионални ангажмани и дека наскоро може да го видиме во една од претстојните турски серии.