Најмалата рубикова коцка на светот е претставена во Јапонија. Таа е толку мала што може да стои на врв на прст. Минијатурната коцка е создадена за да ја одбележи 40-годишнината откога оригиналната шестострана загатка се појавила во продажба во Јапонија.
Продажбата и испорака во Јапонија за 1.900 американски долари ќе почне од декември. Рабовите на оваа коцка се 9,9 милиметри и тежи околу 2 грама. Направена е од „ултрапрецизен метал“ и се испорачува во кутија, објавила компанијата „Мегахаус“.
Рубиковата коцка, ја измислил Ерно Рубик, вајар и професор по архитектура од Унгарија во 1974 година, а во 1980 година се појавила на полиците на продавниците ширум светот.