Како да ги спречите болките во грбот
Со оглед на тоа што многумина работат седејќи постои голема можност да се појават болки во грбот, поради недостиг од физичка активност или несоодветно работно опкружување. Неколку препораки како на најдобар начин да се ублажат и да се спречат болките, доколку дојде до нив.
Сменете ја положбата додека работите и земете перница – Седењето на исто место и во иста положба цел ден може да предизвика вкочанетост на вратот и на рамената. Препорака на физиотерапевтите е на секои два часа да ја смените положбата, па освен во работната соба да работите во трпезарија или на тераса, секако доколку тоа е можно.
Ставете го лаптопот на вистинското место – Битно е екранот да биде поставен на соодветна висина и доволно оддалечен од очите, за да не го оштетите видот, но и да не ги напрегате вратните мускули. Доколку екранот е прениско, ќе морате дополнително да се наведнувате. Идеална положба на екранот можете да добиете со поставување книги или друга подлога под лаптопот.
Правете паузи и одморајте – Станете од столчето на секој половина час. Во текот на паузата направете некоја вежба или вдишете чист воздух. Дури и минимална физичка активност во вакви околности може да биде од голема помош.