Дванаесет фактори за настанок на деменција
Стручњаците тврдат дека постојат 12 фактори што предизвикуваат деменција, кои можат да се превенираат. Појавата на деменција зависи од низа фактори, а во извештајот на годинашната меѓународна конференција посветена на Aлцхајмер, која опфати 28 водечки стручњаци во светот, наведени се три нови ризични фактори меѓу кои се и консумирањето алкохол, повредите на главата и загадениoт воздух. Претходно беа идентификувани 9 фактори, а тоа се: необразованост, губење на слухот во средна доба, хипертензија, дебелина, пушење, депресија, социјална изолираност, физичка неактивност и дијабетес во зрелите години, пишува американското списание „Њујорк пост“.
Стручњакот Лон Шајндер порачува дека никогаш не е доцна со превенција да се придонесе за намалување на настанокот на деменцијата, која веќе е дијагностицирана кај 50 милиони луѓе во целиот свет. Се претпоставува дека бројката ќе биде трипати поголема до 2050 година.
– Сите 12 наведени фактори се ризик за појава на деменција кај 40 отсто од луѓето низ светот. Но тие можат да се спречат и да се ублажат. Затоа процентот на заболени е поголем во земјите со ниски и просечни приходи – велат стручњаците.